Убедлив пораз на охридскиот Амак СП во контролата во пресрет на стартот на националното првенство.

Во „Градски парк“, најтрофејниот македонски клуб Фершпед Работнички го надигра Амак СП со 100-68.

Прашањето околу победникот било одлучено во третиот период кога „шпедитерите“ создале убедлива предност.

Најефикасен поединец бил Огнен Стојановски со 20 поени. Во охридскиот табор Фрај постигнал 18, Војдан Стојановски со 15, а  Богоев  12 поени.

Во тимот на Амак дебитираше Агоч кој од пред некој ден му се приклучи на клубот.

ohridnews