Финалистите од македонскиот национален куп, Тетекс и Работнички попладнево ќе играат во второто квалификациско коло од фудбалската Лига Европа. Работнички (17 ч.) на арената „Филип Втори“ ќе ја пречека Мика од Ерменија.


Во првото коло со севкупни 11-0 “романтичарите“ ги елиминираа аматерите од Лусинтанос. Евентуалниот пласман во третата рунда во Скопје би можел да ги доведе гигантите како Јувентус или  Ливерпул. Новиот лидер на тимот со капитенската лента ќе биде Никола Глигоров, кој на стартот од новата улога е умерен.


– Не верувам дека победникот ќе биде познат по првите 90 минути. Ќе биде добро да го искористиме домашниот терен за да оствариме предност за на реваншот по седум дена, кога ќе падне конечната одлука. За нас, ќе биде поволен резултат секоја победа без примен гол – вели Глигоров.


Тетовскиот Тетекс ќе биде вториот македонски дебитант во овогодинешните евронатпреварувања, претходно во првото коло скопски Металург го имаше своето европско крштевање. Противник на “штофарите“ е литванскиот Вентспилс, а шефот на Стручниот штаб на Тетекс, Тони Јакимовски, знае кој е кој во овој дуел.

Сигурно дека Вентспилс е фаворит, но и ние нема да се предадеме. Играчите треба да бидат свесни дека изненадувањата се можни. Сега треба да се фокусираме само на овој дуел.  – изјави Јакимовски, кој најави отворена игра.

Ohridnews