Нема повеќе дилеми околу екипите кои ќе членуваат во Супер лигата следната сезона. Последниот воз го фати Работнички, кој со 38-30 славеше во баражот со Прилеп и повторно обезбеди учество во ракометна елита.
Ракометарите на Работнички не оставија ништо на случајност и уште во првиот дел стекнаа предност од осум голови (21-13). До крајот на мечот го задржаа водството и го чекираа билетот за последното место во Супер лигата.
Низ регуларниот дел од сезоната во Првата лига учество во Супер лигата обезбеди составот на Металург 2. Дел од Супер лигата ќе биде и Охрид, кој седма сезона по ред ќе биде помеѓу најдобрите екипи во нашата земја.
OhridNews