Работнички беа посреќни во пенал рулетот (5-4) и го “искачија“ Пелистер за пласман во големото финале. Романтичарите преку капитенот Бојович во 37-та минута ја анулираа предноста на Пелистер од првиот натпревар. Трагичар во пенал серијата беше Алтипармакоски.
Тетекс со победата во реванш натпреварот од 1/2 финалето над второлигашот Скопје (2-1) ќе дебитира во финалето од Купот на Македонија. Првиот натпревар во Тетово заврши без погодоци 0-0.
За такво сценарио на штофарите се погрижија Радоњич и Ристовски со погодоците во првото полувреме, додека почесниот погодок за Скопје го постигна најдобриот стрелец во втората лига Мојсоски. Двете екипи мечот го завршија со по десет играчи, во 20-та минута кај пирататите поцрвена Бајрамовски, а во 45-та минута силите на теренот се израмнаа откако исклучен беше поранешниот репрезентативец Захариески.