Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, Работнички не се појавил на официјалната пресконференција организирана од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) за престојниот Супер куп во Охрид.
Работнички не го известил раководството на КФМ за евентуално отсуство, а од кошаркарскиот врв во Македонија се надеваат дека ова не е најава за бојкот.
– Веруваме дека од таборот на Работнички имаат големо оправдување за денешното отсуство и мислам дека тоа нема да значи нивно неиграње во Охрид, најмногу поради фактото што првиот позитивен одговор за настап на Суперкупот го добивме токму од ‘Градски парк’. – рекол на Петар Наумоски на почетокот од пресконференцијата, пренесува Спортмедиа.
Овој формат на Супер купот за прв пат ќе се промовира во Охрид каде ќе се сретнат четирите најдобри екипи од минатата сезона, а не како до сега победникот од шампионатот и купот.
Супер купот во Охрид на програмата е викендов. Во сабота во 17:30 и 20:15 часот се играат полуфиналните натпревари додека во недела (19:30ч) е големото финале.
Мх.П.