Попладнево се одиграа првите четвртфинални натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија. Дерби дуелот на „Филип Втори”, заврши со убедлива победа на „романтичарите” од 4-0, со головите на Вандаир (пенал), Бојовиќ, Глигоров и Петковски.


Македонија ЃП во второто полувреме го скрши отпорот на гостите од Тетово и славеше со 2-0, а локалните ривали Скопје и Металург одиграа без голови.

Резултати:

Работнички-Ренова 4-0

Македонија ЃП-Тетекс 2-0

Скопје-Металург 0-0

Пелистер-Дрита 2-2

Реванш натпреварите се закажани за 25. ноември.