Работнички Кометал достојно се прости од натпреварите во купот на УЕФА. Синоќа тој загуби во реваншот за пласман во фазата по групи од Болтон со минимални 1:0.

Стрелец на единствениот гол за домаќинот беше францускиот интернационалец Николас Ањелка, кој прецизно стрелаше само кусо време откако влезе во игра на почетокот од второто полувреме.

До крајот на мечот Работнички пропушти две изгледни шанси за израмнување, но и покрај поразот романтичарите оставија солиден впечаток во дуелот со неубедливиот Болтон.

ohridnews