Фудбалерите на Работнички Кометал одиграа нерешено 1:1 против премиерлигашот Болтон во рамки на третото квалификациско коло од купот на УЕФА.
На „Градски“ во Скопје пред околу 10.000 гледачи „романтичарите“ беа на праг на заслужена сензација откако со голот на Милосавлевиќ водеа од 53 минута.
Победата им избега на 6 минути пред крајот кога по катастрофалната реакција на голманот Маџоски отпадокот по слободниот удар на Ањелка во израмнување го претвори Меите.
Реванш натпреварот се игра на 3 октомври во Англија.Победникот ќе се пласира во фазата по групи.
Само “лош ден“ или нешто повеќе имаа нероазурите кои секоја година се вбројуваат меѓу фаворитите за освојвуање на лигата но никако да ја најдат вистинската формула .Под огромен притисок е Роберто Манчини кој со 5 милиони евра годишно е најплатен тренер во Италија.Досега постигнатите резултати не ја носат водата на негова воденица и не е далеку од сценариото кое го снајде Мурињо.
Бранителот на трофејот Милан во режија на Андреа Пирло стигна во свој “досаден“ стил до поскуваната победа на стартот,идентична како финалето во Атина .Победата во ЛШ во секој случај ке го симне притисокот од плеќите на Карлето.
Римските претставници поминаа 50-50.Офанзивната Рома на Олимпико со 2-0 победата над Дианмо стигна до 100 –та победа во евро натпреварувањата ,бришејки ги лошите спомени од украинскиот тим.Единствениот македонец во ова натпреварување Горан Пандев имаше забележителен настап асистирајки му на Заури за реми во Пиреја 1-1. Штета за Горан и Лацио што не профитираа од настапот на грците пред празни трибини.
Ѓаволите минимално 1-0 поминаа низ Португалија,сепак од тимот кој до пред некоја сезона го играше најофанзивниот фудбал ,многу често навивачите мора да се задоволат со минималци.Дали за сер Алекс во преден план е фразата “еден гол три бода“ ?
Десетмината црвени издржаа кај Порто 1-1 ,но кога ке се земе во предвид сумата која беше вложена оваа сезона тешко дека тоа ке ги задоволи како управниот одбор така и навивачите . Играчот на Ливерпул Џермејн Пенант беше единствениот во ова коло кој поради црвен картон го напушти натпреварот пред време.
Да не беше високиот пораз на Севиља на Емиратес сигурно шпанците ке беа најуспешни во ова коло.Добро помина на Ноу Камп Лион ,кој мора да биде задоволен и со ваков пораз од “евробарса“ која покажа друго лице од она во шпанската примера.
По пазуа од три години и Лос Бланкос победија на отварањето на сезоната.Поради форсирањето на дефанзивниот фудбал “омразениот“ Фабио Капело беше избркан од Мадрид . На негово место дојде Бернд Шустер ,од досега постигнатото само два збора “секоја чест“. Единствениот тим кој во вторникот како победник се врати од гостувањето беа “лилјацте“ од Валенсија. Давид Виља уште еданш се покажа фактор на одлука извојувајки мошне значителна победа во тешката група.
Во отсутво на Баерн Минхен Германските екипи ке играат само епизодна улога,евидентно е тоа на самиот стар по поразите на Штудгарт,Шалке и Вердер .
Домакините во ова коло се покажаа како негостољубиви , на 16 натпревари извојуваа 11 победи,оставјки само трошки за гостите , две двојки и три реми. Покрај Милан уште на три натпревари идентични 2-1 победи. ПСВ над ЦСКА , “ренџерси“ над “швабите“ ,како и дебитантот Славија Прага над Стеауа. Покрај Римјаните убедливи беа Марсеј и Шахтјор солвадувајки ги со чисти 2-0 Бешикташ односно Селтик.
На 16 натпревари мрежите во ова коло се затресоа 36 пати,а немаше играч кој постигна два погодоци.Пипо Инзаги и Андреј Шевченко стигнаа на квотата 60 , додека Раул Гонзалес на 59 во евро натпреварите . Рекордот е во сопственост на Герд Милер со 62 гола.
Голманот на римски Лацио, Марко Балота е нов рекордер во Лигата на Шампионите кога се во прашање натпреварите по групи од ова натпреварување.Тој го бранеше голот на Лацио против Олимпијакос со 43 години и 168 дена. Досегашниот рекордер беше играчот на Милан, Алесандро Костакурта кој минатата сезона одигра натпревар против АЕК во моментот кога имаше 40 години и 211 денови.
Наредните возбудувања во лигата на шампиони се на 02 и 03 Октомври
Г.М. / М.П.