Екипата на Работнички остана без услугите на искусниот бек Ренато Вугринец откако натурализираниот македонскиот репрезентативец се договори со Макаби Ришон Лезион.


Работнички кој е прв противник на Ракометниот клуб Охрид во Супер лигата ќе мора да бара друга солуција на десната бековска позиција по неуспехот за ангажман на Вугринец.

Словенецот со македонски пасош подготовките ги започна со клубот кој претрпе играчки и раководствени промени, но побогата понуда од израелскиот тим беше пресудна во одбирањето на новата средина.

Супер лигата започнува на 19/20 септември, а Работнички пред своите гледачи ќе го пречека охридскиот состав кој исто така има големи апетите пред стартот на сезоната.

Мх.П.