Во Охрид се одржуваат традиционалните, трети по ред, работни средби на Службите за барање на организациите на Црвениот крст од регионот, под лидерство на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст.

На средбите се разработуваат теми поврзани со исчезнатите лица за време на конфликтите на поранешните ЈУ простори и напорите и активностите преземени од Службите за барање на Црвениот крст во насока на пронаоѓање на исчезнатите лица.

OhridNews