Облачно време со врнежи од дожд и грмежи ќе преовладува во првите два дена од оваа работна недела.

Максималната дневна температура денеска ќе достигне до 15 степени Целзиусови, а во вторник ќе биде за еден степен посвежо.

Престанок на врнежите се очекува во среда. Во пораст ќе биде и дневната температура која ќе достигне до 19 степени.

Сончево време ќе преовладува и во четврток кога максималната дневна температура ќе се искачи до + 24 степени. Веќе во петок ќе настапи ново наоблачување, а според прогнозите идниот викенд повторно ќе имаме дожд и нешто пониски температури.

OhridNews