Највисоките преставници од Грасрут програмата во Фудбалска федерација на Македонија под чива ингеренција се Детските фудбалски лиги за млади категории, Бојан Маркоски и Марио Ѓурчиноски, деканот на Факултетот за физичка култура и образование, Ленче Алексиоска Величкоска и професорот Ванчо Поп-Петрески заедно со тренерите, родителите чии деца активно учествуваат во југо-западниот регион и судиите имаа работна средба во Охрид.

– Одиме град по град и се среќаваме со родителите, тренерите и судиите со кои разговараме околу Детската фудбалска лига која функционира по региони ширум Македонија. Детската лига брои најмногу членови од сите организирани лиги во сите спортови во Македонија и затоа ние од ФФМ пристапуваме посветено и одговорно за нејзино усовршување. Низ вакви работни средби ширум Македонија ќе имаме поголема слика што треба да поправиме и што треба да подобриме и остраниме за да имаме лиги за признание од УЕФА и ФИФА. – низ презентацијата објаснаа Бојан Маркоски и Марио Ѓурчиноски.

Деканот на Факултетот за физичка култура и образование, Ленче Алексиоска Величкоска зборуваше за значањето на родителите, тренерите и судиите во развивањето на детото прво како личност, а потоа во добар и у спешен спортист. Збор околу правилата во Детската фудбалска лига имаа судиите кои во разговор со родителите и тренерите разменија позитивни искуства, а професорото Ванчо Поп-Петрески презентираше програма за здрава исхрана.

Од ФФМ најавија повеќе вакви средби и семинари се` со цел да се крене нивото на спортската култура кај чинителите кои директно влијаат на дечињата и нивниот развој во спортот.

Михаил Постоловски