На 20.01.2024 во ОВР Струга било пријавено дека околу 16,00 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Враништа, струшко, работна машина со струшки регистарски ознаки, управувана од 42 годишно лице од с.Велешта, струшко, излетала од патот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
OhridNews