Утре напладне, во големата сала на општина Охрид ќе се одржи промотивен настан на тема „Можности за финансирање на иновативни проекти на старт -ап и спин -оф компании“.
Организатор на овој настан е Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со општина Охрид и истиот е поддржан од Министерството за образование и наука.
На настанот можат да присуствуваат директори, професори, ученици, студенти, млади и други заинтересирани лица.
OhridNews