Општина Дебрца во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“-Фаза 2, кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започнува со изработка на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година.

За таа цел е предвидено одржување на работилница за подготовка на SWOT анализа за потребите на интегрираниот локален развоен план (ИЛРП), за период 2024-2027 година. Работилницата ќе ја водат претставниците на SEG Holding, информираат од Општина Дебрца.

Работилницата ќе се одржи на 20 март, среда, со почеток во 10:00 часот, во салата на советот на општина Дебрца с, Белчишта.

Присуството на работилницата е многу значајно за успешноста на изработката на SWOT анализата (и запознавање со ресурсите на општината) како и за квалитетна изработка на ИЛРП (интегриран локален развоен план), додаваат од Општина Дебрца.

OhridNews