По повод 63 години од постоењето на НП Галичица, во изминативе два дена беа оддржани две работилници под наслов „Чудесниот свет на безрбетниците“.
На работилниците присуствуваа ученици од ОУ “Григор Прличев” – Охрид и ОУ „Браќа Миладиновци – Царев Двор, Ресен, а беа реализирани во Инфо центар – Охрид и Инфо центар – Стење, информираат од НП Галичица.

Нашите млади биолози имаа можност да се запознаат со разни видови на безрбетници кои живеат на копно и во вода, да научат за нивната градба, животен циклус и начин на живот. Научивме за начинот на нивно колекционирање, а исто така ги набљудувавме  и нивните карактеристики со помош на бинокулар, велат од НП Галичица.

Од НП Галичица најавуваат одржување на работилници од овој тип и во иднина.

 

 

 

OhridNews