Превенција и заштита од пожари на отворен простор, беше тема на работниот состанок што СВР Охрид го одржа со месното население на селата Велестово, Рача, Шипокно, Горно Коњско, Долно Коњско, Елшани и Пештани.
Целта на средба беше дефинирање на превентивни и други мерки кои се клучни за поефикасно следење на состојбите во шумските појаси, пасиштата и другите површини на отворен простор, донесување конкретни мерки за навремено информирање и преземање брзи реакции за спречување и заштита при евентуална појава на пожари. Инаку, по неколкуте случени пожари на отворен простор на подрачјето што го покрива, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел поголема заштита на регионот од појава на пожари, информираат од СВР Охрид.
Апелираат граѓаните да избегнуваат палење оган во шумските предели, на стрништа, на плевел, отпадоци и на секој друг отворен простор и потсетуваме дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни кривични пријави и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.
OhridNews