На состанокот волонтерите од страна на преставниците на организаторот беа запознаени подетално околу самата организација, свеченото отварање, сместувањето на учесниците како и околу самите обврски кои ќе ги имаат за време на трите дена колку ќе се одржува најмасовниот училишен спортски настан во Македонија.
Следниот состанок е закажен за крајот на април на градскиот стадион Билјанини Извори каде ќе се поделат конкретните задолженија за секој волонтер поединечно.
Организаторот на Гимназијадата им се заблагодарува на сите сегашни и идни волонтери за нивното вклучување во организацијата и им ветува незаборавни денови на дружење, креативност, професионалност, музика и спомени за цел живот.
Ohridnews