Судиската организација при ОФС Охрид синоќа го одржа првиот состанок во новата година. На состанокот беа разгледани и усвоени одлуките на Управниот Одбор.
Фудбалските судии Мирко Постоловски и Драган Николоски се кандидати за добивање на втора категорија на семинарот за судии кој на почетокот на наредниот месец ќе се одржи во Битола.
Жарко Тодороски останува на должноста комесар за делегирање, а измени ќе има во судиската такса за пријателските натпревари.
ohridnews