Гери Нисберт и Ренди Џоуберт од оваа година започнале да работат заедно во една фабрика, а од неодамна сознале и дека се браќа. Двајцата биле посвоени пред 35 години, веднаш по раѓањето бидејќи нивните родители не можеле да се грижат за нив. Ренди знаел дека е посвоен и дека неговите родители имале уште еден син. Кога еден купувач им рекол дека се многу слични Ренди веднаш помислил дека можеби се браќа.


Го запрашал Гери дали е посвоен и кога е роден. Малку разговарале и сfатиле дека се браќа. Разликата меѓу нив била една година. Одраснале во соседни градови, но се сретнале дури кога почнале да работат заедно.