Португалскиот стратег Жозе Мурињо предводеше неколку врвни клубови со големи успеси во европскиот фудбал, но работата во Реал Мадрид ја окаректеризираше како најдобра во неговата досегашна кариера. „Специјалниот“, како што го нарекуваат англиските медиуми на клупата од Реал Мадрид седеше три сезони од 2010 до 2013.

Во тригодишниот мандат, Мурињо, со „кралевите“ освои една титула во Ла лига, Копа дел Реј и шпанскиот Супер куп. Во вкупно 178 натпревари, фудбалерите на Реал Мадрид под водство на Португалецот забележаа 128 победи.

  • Ангажманот во Реал Мадрид беше најдобро искуство во мојот живот. Работите кои ги научив како тренер и како обичен човек таму се непроценливи. Од таму имам најдобри спомени во мојата кариера. Она што беше побарано мене секако беше и се уште е во мојата крв. Ми рекоа дека имаат имаат најдобар тим на светот и мора да му се спротистават на Барселона. Од мене беше побарано да направам пресврт и да ја свртам работата на страната од Реал Мадрид. Финалето во Купот на Шпанија на Местаља беше пресудно. Ние победивме а потоа освоивме титула во Ла лига и шпанскиот Супер куп. – изјави Мурињо.

И покрај убавите зборови за Реал Мадрид, Мурињо, не се раздели на пријателски начин. Португалецот влезе во клинч со Икер Касилјас, кој и замина од клубот а потоа се судри со Кристијано Роналдо и легендите од клубот по кој му беше покажана излезната врата.

OhridNews