Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска ќе одржи прес конференција на која, како што е најавено ќе стане збор за работата на градоначалникот и локалната самоуправа.

Инаку претходно партијата соопшти дека се откажува најавената средба на премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски со граѓаните на Охрид, што требаше да се одржи денеска.