Бетонски рабници во должина од 420 метри ќе бидат поставени на рекреативната пешачката патека која се гради од каналот Студенчишта до месноста Горица.
Од Јавното препријатие „Градски гробишта“ кои се изведувачи на теренските активности информираат дека градежните зафати за изградба на патката се одвиваат непречено.
Според најавите од Охридската локална самоуправа, во текот на денешниот ден работните екипи кои работат на оваа локација ќе ги посети Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, со цел да направи увид врз иведбата на овој инфраструктурен проект.
OhridNews