Израелскиот „Форбс“ прв пат оваа година своето истражување за најбогатите го спровел и меѓу рабините, па на листата се нашол Пинхас Абухачир, со имот вреден 1,3 милијарди шекели, односно повеќе од шест милијарди евра. Како што пренела верската информативна агенција, Абухачир е внук на познатиот кабала рабин Баби Шала. Неговиот роднина, рабинот Давид Хаи Абухачир поседува 750 милиони шекели, а трет е рабинот Јаков Аре Алтер со 350 милиони.

Уште двајца рабини имале богатство поголемо од 100 милиони шекели. „Форбс“ пишува дека вкупно 13 рабини милионери имаат имот во вредност од 2,8 милијарди шекели. Богатството потекнувало од комерцијални и финансиски работи, што посебно се однесува на бизнисите со недвижности, не само во Израел, туку и во странство. И покрај рецесијата, нивните приходи имале постојан пораст.