Еден од најдобрите алжирски фудбалери на сите времиња Рабах Маџер (63) е осуден денеска на казна затвор од шест месеци поради „сметководствени измами“ поврзани со пропаднатите дневни весници Ал балах и Ал балах Ериади, кои беа во негова сопственост.
Стрелецот на еден од најубавите голови во историјата на Купот/Лигата на шампиони се соочуваше со затворска кана од 18 месеци, но алжирското Обвинителство повлече дел од обвиненијата.
Маџер порача дека не е виновен и најави жалба на пресудата.
Сè што можам да речам е дека немам никаква врска со овој случај. Ни блиску до тоа, јас сум невин, изјави Маџер.
Тој е еден од најпознатите алжирски фудбалери на сите времиња, а врвот на својата кариера го достигна во 1987 година кога во финалето од Купот на европски шампиони против Баерн Минхен со пета го постигна победоносниот гол и му донесе на Порто европска титула.
OhridNews