Францускиот репрезентативец Пол Погба отпатува со екипата на Манчестер Јунајтед на подготовки во Австралија, но со мислите комплетно е насочен кон трансфер и промена на средината. Агентот на Погба, Мино Рајола кој ја обелодени желбата на фудбалерот го критикуваше клубот, кој не покажал почит кон Погба.

  • Погба не направи ништо лошо. Беше и уште е професионален во секоја смисла. Во клубот знаат како тој се чувствува веќе подолго време. Штета е што други луѓе сакаат само да критикуваат а ги немаат сите потребни информации. Жал ми е што клубот не застана во одбрана и не покажа почит кон Погба. Се надевам дека наскоро ќе се реши се` и ќе се најде најдоброто решение од кое ќе бидат задоволни двете страни. – изјави Рајола.

Од крајот на минатата сезона се шпекулира со името на Погба. Французинот е на крстопат, бидејќи сериозно заинтересен е Реал Мадрид, а Јувентус не ја крие желбата тој да се врати во Торино. Мора да се каже дека „црвените ѓаволи“ предводени од Оле гунар Солскјер не сакаат да се откажат од услугите на Погба и покрај неговото незадоволство.

OhridNews