Тренерот на ЦСКА, Емил Рајковиќ работи на што подобра подготовка на неговиот тим во пресрет на новата сезона.

Оваа сезона нашата подготовка има специфичности. Имаме нов состав, со помалку странци од порано. Се фокусиравме на руски играчи. Тие ќе мора да се прилагодат на ЦСКА, да разберат што значи да се претставуваат боите на овој клуб во секој момент. Сега барам баланс меѓу играчите, воспоставувам внатрешна интеракција меѓу нив и тренерите. Сега ова е главната работа во нашата подготовка. Затоа, ние сме во Турција за да почнеме постепено да ја градиме внатрешната „хемија“. На тренинзите и состаноците ги подготвуваме играчите дискутирајќи за противникот, планот за игра со нив. Избираме специјални зборови за да ја олесниме комуникацијата за време на натпреварот. Имаме свои сигнали, терминологија за на теренот. Ова е цел процес кој мора добро да се изработи, изјави Рајковиќ.

Македонскиот тренер во јуни потпиша двегодишен договор до рускиот кошаркарски гигант.

OhridNews