Иднината на хрватскиот репрезентативец Иван Раќитиќ во дресот на Барселона е под знак прашалник. 32-годишниот фудбалер свесен е во каква ситуација се наоѓа, но е бесен поради честото споменување на неговото име во негативна конотација.
Свесен сум за мојата ситуација и статус во Барселона. Но нема да дозволам со мене да тргуваат како со вреќа компири и да ме шетаат на сите страни. Ќе одам во клуб кој ќе ме сака и почитува. Ако тоа е Барселона јас немам проблем да останам. Во друг случај ќе заминам јас каде што сакам, а не каде што ќе ме испратат. – изјави Раќитиќ.
Хрватот на Ноу Камп се пресели од Севиља. Токму неговиот поранешен клуб се споменува како најсериозен кандидат за нова станица во кариерата. Но Барселона посакува да го вклучи во понудата за бразилскиот репрезентативец Нејмар.
OhridNews