Ракометниот клуб Охрид го компелтираше играчкиот ростер за почетокот на новата сезона во Супер лигата ангажирајќи го Дарко Георгиевски.
„Гладијаторите“ во името на Георгиевски ќе добијат искусен бек кој треба да биде од голема помош во играта во двата правци. Георгиевски има настапи за младинската репрезентација на Македонија, а од домашните клубови ги има брането боите на Вардар, МРК Вардар, Куманово и Пелистер. Искусниот бек може да се пофали и со интернационално искуство играјќи во Франција и Луксембург.
Георгиевски е седмо засилување за охридскиот ракометен клуб. Претходно на екипата и се приклучија Везенковски, Соколов, Симоноски, Петровиќ, Јованоски и Брауновиќ.
Новата сезона охриѓаниво Супер лигата ќе ја започнат на гостински терен кај екипата на Пролет.
OhridNews