Русија ги поддржува напорите на македонската влада за нормализирање на состојбата, порача рускиот претседател Владимир Путин, примајќи ги акредитивните писма на новиот амбасадор на Македонија во Москва, Гоце Карајанов.
„Ние сме заинтересирани Македонија да биде стабилна и просперитетна држава“, рече Путин, пренесува руската агенција Тасс.
Путин потсети дека Руската Федерација и Република Македонија ги поврзуваат „длабоки историски корени, културна и духовна блискост“.
„Ние внимателно ја следиме актуелната состојба во вашата држава, можеме да забележиме дека македонското раководство се соочува со потешкотии “, рече Путин на средбата со Карајанов.
OhridNews
Извор:„Макфакс“