Рускиот претседател Владимир Путин се развел од сопруга Људмила, пренесуваат руските медиуми. Неколку недели откако ја прославиле 30-годишнината од бракот, Путин и сопругата на јавноста и соопштиле дека нивниот брак е завршен.

„Тоа е наша заедничка одлука“, рекол Путин, а истото го потврдила и сопругата Људмила, во интервју за рускиот канал Росија 24.

На новинарско прашање, дали тоа значи развод, Људмила Путин одговорила:„ Да може да се каже така, тоа е цивилизиран развод. Нашиот брак се распадна поради тоа што воопшто не се гледаме“, рекла Људмила Путин.

Рускиот претседател, нагласил дека животот кој го има политичар од негов ранг е причината за разводот.

„Не се сите подготвени да живеат таков живот. Моите активности, мојата работа се поврзани со јавниот живот. Некому тоа му се допаѓа, некому не, а има луѓе кои со тоа не можат совршено да се спојат“, рекол Путин.

Инаку, рускиот претседател е познат по тоа што речиси никогаш не давал изјави поврзани со приватниот живот.

Људмила Путин и претходно ретко се појавувала во јавноста, а последните неколку години нејзиното непојавување во јавноста предизвика многу шпекулации, дури и такви дека била затворена во манастир.

Владимир и Људмила Путин се венчале во 1983 година имаат две возрасни ќерки за кои јавноста не знае речиси ништо.

OhridNews
извор:„Макфакс“