Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека санкциите што Западот ги воведе против Русија и Крим, иако создаваат бројни проблеми, отвораат и нови можности.
Јасно е дека развојот на Крим е под влијание на санкциите кои го покриваат банкарскиот сектор, но и испораката на многу производи. Сепак, иако создаваат одредени тешкотии, тие отвораат и нови можности за сите нас, рече Путин на состанокот за социо-економскиот развој на Крим и Севастопол.
Тој предложи и продолжување на рокот за реализација на државниот проект за прашањето за развојот на Крим и Севастопол до 2030 година и ја повика извршната власт да даде предлог за финансирање.
Тој исто така рече дека руските големи компании, вклучително и банките, можат без грижи да почнат да работат на Крим, бидејќи нема причина да за стравување од новите западни санкции.
OhridNews