Претседателот на Русија, Владимир Путин во говорот одржан на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург истакна дека „економскиот ’блицкриг’ против Русија немаше шанси за успех“.

Тој додаде дека Европска Унија ја губи глобалната конкурентност поради санкциите што ги воведе против Русија.

Европските политичари и зададоа сериозен удар на нивната економија со своите потези. Само директните загуби на ЕУ од лудилото на санкциите можат да надминат 400 милијарди долари годишно, наведе Путин, додавајќи дека трошоците ќе ги сносат граѓаните.

Рускиот претседател предвидува дека Европа дополнително ќе ја влоши нееднаквоста што ќе резултира со раздор во општеството. Според Путин, Европа направила економски грешки, што ќе доведат до зголемување на радикализмот, а во иднина и до промена на политичките елити во ЕУ.

Тој посочи дека „ЕУ го изгубила својот политички суверенитет, дека нејзините бирократски елити играат на туѓи мелодии, нанесувајќи им штета на сопственото население, а реалните интереси на Европејците и на националниот бизнис се занемаруваат и се туркаат настрана“.

Неуспешната енергетска политика придонесе за раст на цените во Европа. Русија немаше никаква врска со поскапувањето на енергенсите, горивото почна да поскапува многу пред специјалната операција, истакна Путин.

OhridNews