Русија е подготвена да дејствува како посредник во решавањето на палестинско-израелската криза, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

На самитот на Заедницата на независни држави во Бишкек тој истакна дека е неопходно да се бара мирно решение на конфликтот и дека едноставно нема алтернатива.

Загубите на цивилите се апсолутно неприфатливи. Најважно сега е да се запре крвопролевањето, рече Путин.

OhridNews