Рускиот претседател Владимир Путин негираше дека Москва го спречува извозот на украинско жито.
Што се однесува до извозот на украинското жито, ние не се мешаме во тоа. А има неколку начини за извоз на жито, рече Путин.
Според него, првиот начин е извоз преку пристаништата кои се под контрола на Украина, пред сè пристаништата во црноморскиот басен, Одеса и блиските пристаништа.
Ние не ги миниравме приодите кон пристаништата. Украина ги минира, рече Путин, споменувајќи го извозот на жито преку Белорусија како една од извозните можности, кои, како што рече, никој не ја спречува.
Но, за тоа мора да ги укинете санкциите против Белорусија, изјави рускиот претседател.
Според него, „кратковидата политика на европските земји доведе до криза во енергетскиот сектор“.
Тој истакна дека целокупната ситуација на Запад доведе до недоволно инвестирање во енергетскиот сектор, како и дека цените се зголемени, пренесоа руските медиуми.
Исто така гледаме и обиди да се префрли врз Русија одговорноста за она што се случува на пазарот на храна, но овде се работи за замена на тезите, рече Путин.
За него санкциите против Москва се „кратковида, глупава и погрешна политика која води во ќорсокак“.
OhridNews