Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека потпишал закон за воведување воена состојба во четирите украински региони кои Кремљ се обиде да ги присоедини, што е кршење на меѓународното право, јави Си-Ен-Ен.
Региони се Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск.
Путин ова го соопшти за време на состанокот на рускиот Совет за безбедност.
Тој додаде дека шефовите на тие области ќе добијат дополнителни овластувања за обезбедување сигурност на граѓаните.
OhridNews