Рускиот претседател Дмитриј Медведев предложи актуелниот премиер Владимир Путин да се кандидира за претседател и најави дека е подготвен да работи во владата, што е дочекано со овации од делегатите на конгресот на владејачката партија Единствена Русија.

„Во однос на предлогот од раководството на партијата, да се подобри функционирањето на партијата за да се има успешен настап на изборите, ја изразувам мојата подготвеност практично да работам во владата, и ја поддржувам кандидатурата на претседателот на партијата Владимир Путин за претседател на државата”, изјави Медведев на конгресот на Единствена Русија

„Овој аплауз не ми дава за право да не објаснам какво искуство и авторитет претставува Владимир Путин“, дополни актуелниот претседател на Русија

„Ме прашуваа цело време: кога ќе решите, со што ќе истапите пред луѓето, а исто така понекогаш и мене и Владимир Владимирович не прашуваа и дали сме се скарале. Сакам целосно да го потврди она што беше речено: тоа што му е предложено на конгресот е длабоко обмислена одлука, па дури и повеќе – ние активно разговараме за оваа варијанта уште во периодот кога се создаде нашиот пријателски сојуз “, рече Медведев.

Според него, изминатите години ја докажале исправноста на ваквата одбрана стратегија.

Говорот на Медведев, кој инаку денеска го прославува 46-от роденден, го следеа 11 илјади делегати на Единствена Русија на конгресот кој се одржува во спортската арена „Лужники“ во Москва.

Путин изјави и дека е почестен со предлогот на Медведев, тој да се натпреварува на претседателските избори во 2012 година.

Актуелниот руски премиер Владимир Путин, на ова изјави оти е сигурен дека Дмитриј Медведев ќе ја предводи Единствена Русија до победата на изборите за Дума,востанувајќи ефикасна раководна екипа, и деќа ќе застана на чело на руската влада.

„Убеден сум дека Единствена Русија, ќе победи и потпирајќи се на е широката поддршка меѓу народот, господинот Претседател ќе креира нов, ефикасен, млад и енергичен раковден тим, на чело на руската влада кој ќе ја продолжи модернизацијата во сите сфери на нашите животи“, изјави Путин на конгресот на Единствена Русија.

„За носител на листата на Единствен арусија на изборите за думата на 4-ти демекври, го предлагам претседателот Дмитриј Анатолјевич Медведев“, изјави премиерот Путин.

Со ова најпосле заврши долгата политичка енигма и нагаѓањата за тоа кој од двајцта најекспонирани руски политичари во моментов, ќе биде претседателски кандидат на следните избори.

Владимир Путин од 2002 до 2008 година беше претседател на Русија, а тогаш го избра за свој наследник бидејќи уставот го спречуваше да се кандидира за трет последователен претседателки мандат.

Медведев и Путин сé досега и покрај големиот интерес и настојувања на домашната и странската јавност не објавија кој од нив двајцата ќе се кандидира од заедничката партија Единствена Русија иако повеќепати годиниве изјавуваа дека за тоа ќе се договорат. Оттаму, медиумите честопати пишуваат за наводни тензии меѓу претседателот и премиерот, кои исто така постојано ги демантираат овие шпекулации..

Забележливо беше дека претседателот Медведев во последно време во јавноста индиректно се претставуваше како реформатор и модернизатор, внимателно ескивирајќи какво и да е критикување на работата на Путин.

OhridNews
извор: „Макфакс“