Рускиот претседател, Владимир Путин, потврди дека ќе се кандидира на следните претседателски избори во март, пренесува „Макфакс“.

Како што изјави Путин, ќе се бори за уште еден шестгодишен мандат. 

Toj претходно најави дека наскоро ќе донесе одлука и рече дека притоа ќе го земе предвид и нивото на јавна поддршка.

Актуелниот руски претседател, на собир во Москва на кој присуствуваа претежно млади луѓе, ја праша публиката дали ја поддржува неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во март.

Притоа присутните гласно извикале „да“ и му доделиле силен аплауз.

OhridNews
извор: „Макфакс“