Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за зголемување на бројот на вооружените сили на Русија за 137.000 војници, со што нивниот вкупен број ќе изнесува 1.150.628 лица.

Да се утврди службената бројност на Вооружените сили на Руската Федерација на 2.039.758 лица, од кои 1.150.628 се војници, се наведува во указот.

Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации, пренесоа руските медиуми.

Според претходната уредба од 17 ноември 2017 година, во вооружените сили на Русија биле вработени 1.902.758 лица, од кои 1.013.628 биле војници.

Во указот на Путин што денеска го потпиша не е наведено дали ќе има поголем број регрути, волонтери или и двете.

Кремљ соопшти дека само доброволци по договор учествуваат во „специјална воена операција“ во Украина, отфрлајќи ги тврдењата дека се размислува за поширока мобилизација.

OhridNews