Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека потпишал указ за ставање во состојба на готовност на нови копнени стратешки ракетни системи.
Тој рече дека „САД и НАТО директно кажуваат дека целта им е да и нанесат стратешки пораз на Русија“, а во исто време бараат од Москва да се врати на стратегискиот договор за неширење стратешко вооружување СТАРТ, вклучително и проверка на објектите.
Пред една недела, на пример, потпишав указ за ставање во состојба на готовност на нови копнени стратешки ракетни системи, рече Путин во денешното обраќање пред Федералното собрание.
Тој исто така рече дека НАТО бара да се проверат руските одбранбени објекти, вклучувајќи ги и најновите, „како ништо да не се случило“.
И тие сакаат да го пикаат носот таму. Дали навистина мислат дека така лесно ќе им дозволиме, нагласи Путин.
Тој денеска во Парламентот изјави и дека Москва го суспендира учеството во договорот за стратешко офанзивно оружје – СТАРТ, како и дека Министерството за одбрана и Росатом треба да бидат подготвени да тестираат нуклеарно оружје, доколку тоа прво го направат САД.
OhridNews