Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша одлука според која напролет во руската армија ќе бидат регрутирани нови 134.000 војници.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека новата регрутација не е поврзана со инвазијата врз Украина.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу наведе дека новите регрути нема да бидат испратени во воените жариштата.

Поголемиот дел од воениот персонал во центрите за обука ќе помине професионална обука во траење од три до пет месеци. Нагласувам, регрутите нема да бидат испратени во жариштето на војната, истакна Шојгу.

OhridNews