Рускиот претседател Владимир Путин се нашол во необична ситуација, веднаш откако свечено го отворил авиовселенскиот салон МАКС 2007. Имено, веднаш по изложбата и разговорот со неколку делегации во подмосковскиот аеродром „Жуковски“, не успеал на заминување да се почести се сладолед.

Како што јавила Итар-Тас, само што тргнал кон излезот, автомобилот со рускиот претседател застанал кај фрижидерот со сладолед. Доаѓајќи до тезгата, Путин не затекнал никого, малку почекал да се појави продвачот, а потоа се обратил до соседната продавачка која продавала хот-дог.

Девојката толку се збунила од неочекуваната средба со претседателот што потполно „онемела“. Не успеала да каже ни што продава.

„Ќе се вратам“ рекол Путин и ја оставил со подотворена уста.

С.К.