Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека четиригодишната суспензија од анти допинг агенцијата (ВАДА) на руските спортисти од големите натпреварување има политичка позадина и дека нема допирни точки со спортот. ВАДА и забрани на Русија да учествува на Летните олимписки игри во Токио и на Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во Катар во 2022 година.

Треба да ја анализираме оваа одлука на ВАДА за руските спортисти. Најважно, според мое мислење, а мислам и дека сите се согласуваат со ова, е дека секоја казна, како што беше од времето на римското право, треба да биде индивидуална и да тргне од она што го сторило едно или друго лице. Казните не можат да бидат од колективна природа и да важат за луѓе кои немаат никаква врска со одредени прекршувања. Мислам дека стручњаците од ВАДА го разбираат и ова, но ако некој од нив донесе вакви одлуки за колективни казни, тогаш ми се чини дека има причини да верувам дека ваквите одлуки не се засноваат на чистотата на светските спортови, туку имаат политичка заднина. Ова нема никаква врска со интересите на спортот и олимпиското движење. – изјави Путин.

Спортистите од оваа земја кои сакаат да настапуваат и имаат остварено пласман ќе го прават тоа под неутрално име и знаме.

OhridNews