Секогаш сме кажувале, немаме никакви лоши намери кон нашите соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин, преку видео обраќање на церемонијата на подигање на руското знаме на траектот „Маршал Рокосовски“. Путин додаде дека Русија само одговара на негативни постапки од други земји.

Тој ги советуваше соседните земји да не ја влошуваат ситуацијата и да не воведуваат ограничувања. Русија, како што додаде претседателот, ќе ги исполнува своите обврски и во иднина, како и досега.

Не гледам потреба да се влошува ситуацијата, ниту да ги влошуваме нашите односи, истакна Путин.

Според него, ако некој не сака да соработува, тоа ќе ѝ наштети на Русија, но, земјата, како што тој тврди, сепак, ќе ги реши проблемите и ќе победи. Бидејќи, како што нагласи претседателот, ќе добие нови компетенции.

Ние повеќе пати покажавме, а подготвени сме да го направиме тоа уште еднаш. Ако некој не сака да соработува со нас, си нанесува штета и самиот на себе. Се разбира, ни наштетува и нам, но, во што? Ќе мораме да поместиме некои проекти малку надесно, да добиеме дополнителни компетенции, на ист начин, како што го правевме тоа и за други проекти, додаде Путин.

Тој смета дека задачите што стојат пред Руската Федерација, сепак, ќе бидат реализирани. На крај краишта, од ова ќе имаме корист, бидејќи, како што веќе реков, ќе стекнеме дополнителни компетенции, појасни рускиот претседател

OhridNews