Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди руските нуклеарни сили да се подигнат на високо ниво на подготвеност, оправдувајќи го тоа „со агресивните изјави на НАТО“ и економските санкции против Москва.

  • Им наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги стават силите за одвраќање на руската армија во борбена готовност, рече Путин на средбата со воените лидери, која беше пренесувана и на телевизија.
  • „Разбирам“, одговори министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Путин одлуката ја оправда со „агресивните изјави на лидерите на НАТО кон Русија“ и „незаконските економски санкции“ што и беа наметнати по инвазијата на Украина.

  • Силите за одвраќање на војниците се очекува да го обесхрабрат нападот врз Русија, вклучително и војна што би подразбирала употреба на нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана.

Тие се опремени со проектили, стратешки бомбардери, подморници и бродови со нуклеарно оружје.
По инвазијата на Украина, Путин предупреди дека оние кои се обидуваат да ја спречат Русија „ќе се соочат со последици што никогаш не ги виделе во својата историја“. Многумина ова го протолкуваа како закана од нуклеарно оружје.

Томас-Гринфилс: Наредбата на Путин е неприфатлива ескалација на војната во Украина

По наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за зголемувањсето на степенот на подготвеност на руските „сили за одвраќање“, што значи на руските нуклеарни сили, со првична реакција се јави американската амбасадорка во Обединетите нациии, Линда Томас-Гринфилд, која оцени дека „ова значи дека претседателот Путин продолжува да ја ескалира војната, на начин што е целосно неприфатлив“, пренесоас британските медиуми“

  • Тоа значи дека мораме да продолжиме да ги запираме неговите постапки на најсилен можен начин, рече Томас-Гринфилд во интервју за Си-Би-Ес.

Столтенберг вознемирен од наредбата на Путин за специјална готовност од „нуклеарно одвраќање“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост од одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави во специјална готовност силите за одвраќање на земјата, јави ДПА.

Во интервју за Би-Би-Си денеска Столтенберг кажа дека објавата на рускиот претседател покажува колку е „сериозен“ застојот околу руската инвазија на Украина.

Путин ја даде наредбата денеска во видео што го дистрибуираше Кремљ. Во него тој се осврна на „оружје за одвраќање“, но не го наведе експлицитно нуклеарното оружје.

OhridNews