Мерките преземени од страна на Русија во однос на ситуацијата во Украина се сосема соодветни, рекол претседателот Владимир Путин во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти вечерва официјален Кремљ, пренесува „Макфакс“.

Покрај тоа, Путин во телефонскиот разговор со Меркел кој бил претходно договорен по иницијатива на германската канцеларка, ја потенцирал опасноста од насилните дејствија на украинските ултранционалисти.

На изразената загриженоста од страна на Меркел за случувањата во русофонската украинска автономна република Крим, и Украина воопшто, Путин ги истакнал заканите со насилство на ултранационалистичките сили кон животите и легитимните интереси на руските државјани и целото рускојазично население во Украина.

„Беше истакнато дека мерките преземени од страна на Русија се целосно соодветни за актуелната вонредна ситуација”, се наведува уште во соопштението на кабинетот на претседателот на Руската Федерација.

OhridNews
извор:„Макфакс“