Истиот ден кога ја положил претседателската заклетва, Владимир Путин одиграл натпревар во хокеј на мраз против екипата на легендарните советски играчи, донесувајќи и победа на својата аматерска екипа со два гола. Во црвено-бел дрес со број 11, Путин во понеделникот ноќта во два наврати ја затресил мрежата на противничката екипа. Обата гола биле поздравени со аплауз од публиката, во која се наоѓале пријателите на Путин, поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони и поранешниот германски канцелар Герхард шредер. На натпреварот присуствувал и претседателот на меѓународната федерација во хокеј на мраз, Рене Фазел.
После натпреварот Путин рекол дека светското првенство во хокеј на мраз е во тек, и посакал победа на неговата репрезентација и посакал оваа генерација да биде достојна на легендарните спортисти од изминатите години. Тој уште во февруари минатата година ветил дека ќе научи да лизга, а неговиот портпарол рекол дека во повеќе наврати тренирал ноќе како би ги совладал основите на хокејот.