Мариа Кожевникова, 27-годишна актерка која позирала во популарното машко списание Плејбој пред две години, станала нов член на рускиот парламент. Таа во руската јавност е позната како актерка и пејачка на групата “Love stories”, а влегувањето во светот на политиката го гледа како совршена можност да сврти нова страница во својот живот.
Дали ќе успее да се снајде во светот на политиката ќе покаже времето, но едно е сигурно, а тоа е дека во парламентот мажите сега почесто ќе доаѓаат на седниците. Мариа баш како и шпиунката Ана Чепмен, била член на младата гарда на политичката партија на Путин Единствена Русија, која моментално се соочува со обвинувања за местење на изборните резултати.