Претседателот на Русија Владимир Путин добил вонбрачна ќерка. Мајка на неговото дете е Алина Кабаева, поранешна олимписка шампионка во гимнастика. Американските медиуми тврдат дека Путин со Алина има тригодишен син и девојче кое се родило во ноември минатата година. Руските медиуми имале само еден обид да ја откријат тајната на Путин. Весникот „Московски кореспондент“ во 2008 година објавил дека Путин тајно се верил со Кабаева, но милиардерот Александар Лебедев, сопственик на Весникот, набрзо ја повлекол приказната,  а потоа и прекинал да го издава весникот.

Алина пред две години се фотографирала за руското издание на списанието Вог, но во интервјуто тврдела дека момчето со кое постојано ја гледаат е дете на нејзиниот брат, а не нејзин син. Меѓутоа, упатени извори тврдат дека Путин својата миленичка и нивните деца ги вдомил во Сочи, а неговата законска жена Људмила речиси никогаш не се појавува со него во јавност.