Американската пејачка Кимберли Вајат во саботата ги потврдила шпекулациите дека Pussycat Dolls се распаѓаат. Девојките неодамна ја завршиле светската турнеја, а сега ќе им се посветат на соло кариерите. Кимберли изјавила дека ќе одморат од бендот и дека ќе работат на самостојни проекти.


Блиски извори откриваат дека причина за распаѓањето на бендот се недоразбирањата помеѓу пејачките. Наводно останатите девојки и љубомореле на Никол Шерзингер, девојката на Луис Хамилтон која во последно време многу често се појавувала во медиумите.